Рашфорд реагираше по шпекулациите дека го напушта Јунајтед
Англиските медиуми пишуваа различни приказни за иднината на Рашфорд, но талентираниот фудбалер објави дека станува збор за лажни вести.
По шпекулациите дека ангажирал агенција за да преговара со клуб од Саудиска Арабија, Рашфорд објави дека тоа не е вистина.
„Во изминатите недели имаше многу лажни вести. Ова станува смешно. Никогаш не сум се сретнал со ниту една агенција и не планирам да направам такво нешто“, кажа Рашфорд.