Партизан во првиот ден од годината го избра новиот тренер!
„Црно-белите“ објавија дека 51-годишниот стратег потпишал договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една.
„Голема чест и предизвик за мене е да се биде тренер на Партизан. Без оглед на околностите кога добив повик немав ниту најмала дилема дали да прифатам. Мојата амбиција е преку напорна работа и посветеност да ја унапредиме нашата игра. Свесен сум за тежината на задачата и очекувањата од јавноста, но верувам дека со заеднички сили можеме да го вратиме Партизан каде што припаѓа“, изјави Благојевиќ.
Со него во стручниот штаб како помошници ќе продолжат да работат Дејан Фијал и Саша Семерди кој ќе ја преземе улогата на кондиционен тренер.