Пораз на стартот од годината: Стоилковска елиминирана од фјучерсот во Најроби

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска претрпе пораз во првиот меч во 2025 откако денес во привот ден од годината беше поразена на ИТФ фјучерс турнирот во Најроби.

Подобра од Стоилковска беше Лорена Шедел која ја победи во три сета 2-1 (6-3, 4-6, 6-2) за два часа и 40 минути на теренот.

Првиот сет Стоилковска добро го започна и поведе со 3-0, но противничкатау спеа да се врати и ги доби следните шест гема за 6-3. Вториот сет и припадна на македонската тенисерка, меѓутоа во клучниот трет сет освои само два гема и мораше да се помири со поразот.

Стоилковска следната недела ќе настапи и на уште еден фјучерс турнир во Најроби.