Реал не се откажува: Го сака Арнолд уште во јануари

Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Англија, Трент Александер Арнолд е желба на Реал Мадрид од почетокот на годината, а посебно посакуван го прави тоа што договорот му истекува на 30 јуни 2025 година.

Во таква ситуација „кралевите“ можат да преговараат со него бидејќи му останува уште половина од година од договорот. Веќе и извесно е дека на лето тој ќе се приклучи на Реал Мадрид како слободен фудбалер, меѓутоа Перез не се откажува и од намерата побрзо да го обезбеди неговиот потпис.

Според информациите на „Дејли Телеграф“ шпанскиот гигант е подготвен да понуди оштета од 20 милиони фунти што е околу 24 милиони евра за Ливерпул да го пушти во Мадрид во јануари. Тоа е многу помалку од неговата пазарна вредност од 75 милиони евра, меѓутоа на „Енфилд“ би можеле да ја прифатат со цел барем нешто да заработат од неговото заминување.

Во дресот на Ливерпул Арнолд одигра 333 натпревари постигна 20 голови и намести 85.