„Вардарецот“ Чупиќ стана тренер!
Легендарниот хрватски ракометар ќе го преземе тимот од неговиот роден град, РК Метковиќ и со него ќе се обиде да избори опстанок во елитниот ранг на хрватскиот ракомет.
Чупиќ освен што ќе биде тренер ќе работи и како кординатор на младинските категории.
Во Метковиќ го чека тешка задача бидејќи во првиот дел од првенството тимот освои само три бода. Од првенството во Хрватска директно испаѓаат двете најлоши екипи, додека уште две играат квалификации за опстанок.