Седлоски со Чурлинов и Ѓорѓиевски, а без Миовски ќе ги нападне Шкотска и Словенија (ФОТО)

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот фудбалери на кои смета за претстојните средби од Лигата на нации против Шкотска (гости) и Словенија (дома), на кој се вратија Дарко Чурлинов и Имран Фетаи, за првпат е викнат Марко Ѓорѓиевски, а го нема интернационалецот од Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски.

Првите двајца го пропуштија претходниот циклус од ЛН поради мала минутажа во Шкендија, односно административни проблеми во полскиот клуб за кој настапува, додека тетовци добија уште еден репрезентативец-дебитант. За Ѓорѓиевски ова е прв повик од селекторот, како награда за добрите игри во домашното првенство.

Меѓу повиканите, засега изненадувачки, е што го нема напаѓачот што игра во шкотското првенство. Тој беше на клупата на последниот меч на Ренџерс одигран во саботата, а доби мала минутажа на претходните две средби на овој тим. Во репрезентацијата се враќа и Бобан Николов по повредата на раката, како и Никола Серафимов и Стефан Деспотовски, додека останатите се очекувани имиња во кои Седлоски покажува најголема доверба откако седна на клупата на националниот тим.