Емери оди кај својот „џелат“ - има само три победи на 30 натпревари против него!
Емери досега се соочил со Барселона на 30 натпревари како тренер, а билансот е прилично неповолен: само три победи, шест нерешени средби и дури 21 пораз. Тоа значи дека шпанскиот стручњак славел на само 10 проценти од натпреварите против каталонскиот клуб.
Интересно е што трите победи ги остварил со три различни екипи – Севиља, Пари Сен Жермен и Виљареал.
Првата победа ја забележа на 3 октомври 2015 година, кога како тренер на Севиља ја совлада Барселона со 2:1 на домашен терен. Втората е можеби најпозната, кога на 14 февруари 2017 година, како тренер на Пари Сен Жермен, го декласираше каталонскиот тим со 4:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Сепак, тој триумф набргу се претвори во една од најболните спомени во неговата кариера. На реваншот на „Камп Ноу“, Барселона победи со неверојатни 6:1 и направи историски пресврт, откако го надомести огромниот дефицит од првиот натпревар.
Третата, воедно и последна победа на Емери против Барселона, ја оствари со Виљареал. На 22 мај 2022 година, неговиот тим славеше со 2:0 на „Камп Ноу“, во последното коло од шпанското првенство во меч кој немаше никакво резултатско значење.
Вечерва Емери ќе има можност да го поправи својот биланс, но задачата нема да биде нималку лесна. Астон Вила пристигнува во Барселона со максимален ефект од првите три натпревари во Лигата на шампионите, додека каталонскиот тим ќе бара победа пред своите навивачи по поразот од ПСЖ.