Евролигата го избра Ти-Џеј Шортс за МВП во октомври!
Одличните настапи во дресот на Валенсија му донесоа големо индивидуално признание, откако Евролигата го прогласи за најкорисен играч (МВП) за месец октомври.
Шортс одигра фантастичен период и се наметна како еден од највлијателните кошаркари во најелитното европско клупско натпреварување. Неговиот придонес во играта на шпанскиот тим е огромен, а бројките најдобро го потврдуваат тоа.
На девет одиграни натпревари во Евролигата, македонскиот плејмејкер има просек од 17,1 поен, 5,7 асистенции, 1,8 скокови и 0,9 украдени топки по натпревар. Во конкуренција на најдобрите европски кошаркари, тој е трет во лигата според просекот на поени и асистенции, додека со индекс на корисност од 20,7 е меѓу најдобрите двајца играчи во оваа статистичка категорија.
Одличната форма на Шортс се одрази и на резултатите на Валенсија. Шпанскиот тим во текот на октомври забележа шест победи.