Олмо и официјално отстранет од тимот на Барселона (ФОТО)

Барселона не успеа да ги регистрира Дани Олмо и Виктор Пау во дадениот рок, па двајцата од денеска се слободни фудбалери.

На официјалниот сајт на Ла Лига во тимот на Барселона ги нема картичките со имињата на двајцата фудбалери, а се вратија податоците на Андреас Кристенсен.

Неговата картичка беше отстранета во август поради тешката повреда и благодарение на тоа Барселона можеше да го регистрира Олмо. Сега Данецот се опорави, а бидејќи Барселона не успеа да ги исполни правилата за финанискиот фер-плеј немаше можност да го регистрира и Олмо.

Ла Лига ситуацијата претходно ја потврди и со соопштение во кое информираше дека двајцата фудбалери сега се слободни и доколку сакаат можат да преминат во друг клуб без оштета.