Леман објави дека ја продава вилата од 13 милиони евра и ги израдува соседите

Пензионираниот голман на германската репрезентација и Арсенал, како и уште неколку други клубови објави дека ја продаваа својата вила во Минхен за сума од 13 милиони евра.

Сите германски медиуми, но и англиски пренесуваат дека оваа информација посебно ги израдувала соседите на Леман. Имено, бројни соседи претходно истакнуваа дека имале лош однос со Леман, а се започнало по инцидентот во 2022 година.

Леман беше казнет со 135.000 евра затоа што со моторна пила ја оштети гаражата на својот сосед. Првобитно требаше да плати 420.000 евра, но износот беше намале по жалбата.

„Господин Леман ја прифаќа одговорноста и се договори со соседот“, изјави тогаш адвокатот на Леман, Флоријан Уфер.

Во германските медиуми Леман завршуваше и поради проблеми со полицијата која го запрела како управува со моторно возило под дејство на алкохол, а беше поврзуван и со други инциденти.