Дури по 28 шута, Савињо го постигна првиот гол во дресот на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Во текот на летото Манчестер Сити го донесе бразилскиот талент Савињо за речиси 31 милион фунти и од него очекуваше големи работи оваа сезона.

Пет месеци подоцна, 20-годишниот фудбалер го постигна првиот премиерлигашки гол во својата кариера. Сити денеска гостува кај Лестер и поведе во првото полувреме токму со погодокот на Савињо. На досегашните натпревари тој упати дури 28 шута кон противничкиот гол, но не успеа да совлада некој од противничките голмани.

Ако се сметаат сите натпреварувања, денешниот меч е 24. за Савињо за Манчестер Сити и дури сега првпат се израдува на гол. Минатата сезона играјќи за Жирона, тој настапи на 41 меч и постигна 11 гола.