Изјавата поради која Лапорта го избрка Чави била само - реалноста на Барселона!

Барселона во 2025 година влезе со бројни проблеми, а во првиот ден од 2025 година медиумите потсетуваат на изјавата на Чави поради која доби отказ од Лапорта.

Барселона во 2025 година влезе со бројни проблеми, а во првиот ден од 2025 година медиумите потсетуваат на изјавата на Чави поради која доби отказ од Лапорта.

Во тој период првобитно бепе соопшено дека Чави ќе остане на кормилото на каталонскиот гигант, но на крајот поради конфликт со Лапорта беше принуден да замине.

Главната причина поради која Чави доби отказ е неговата изјава во медиумите во која јавно зборуваше за финансиската ситуација во клубот.

„Ќе повторам, ситуацијата во клубот е исклучително тешка. Не сме во добра ситуација за да се натпреваруваме на највисоко ниво. Ситуацијата во Барселона никогаш не била ваква, навивачите мораат тоа да го знаат и да го прифатат“, изјави Чави во мај.

По оваа изјавија Лапорта и раководството експресно донесоа одлука Чави да добие отказ.
Денес кога Барселона не успеа да ги регистрира Олмо и Пау Виктор се докажа дека оваа изјава на Чави била само кажување на актуелната состојба во клубот.