Фенербахче максимално амбициозен - го сака и Де Брујне

Покрај Зинченко и Жоао Феликс, менаџментот на Фенербахче работи на уште еден фронт кога се работи за можните засилувања.

Една од големите цели е суперѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне кој јасно е дека е нема уште долго да издржи во редовите на англискиот шампион. Неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а Фенербахче е подготвен да му понуди неделна плата од 250 илјади фунти со што тој би бил убедливо најплатен фудбалер во турското фудбалско првенство.

Но, Фенербахче не е единствен заинтересиран за потписот на Де Брујне. Тој има понуди од МЛС и Саудиска Арабија, но клучен фактор за евентуален потпис со Фенербахче би можел да биде Жозе Мурињо.