Тежок период за играчот на Црвена Звезда - му починале тројца блиски за еден месец
Истакна дека во сеќавање ќе му остане освоениот Куп на Грција со Олимпијакос и пласманот на Ф4 од Евролигата, но најтежок му бил последниот месец.
„Се чувствувам ужасно, загубив три блиски лица за околу еден месец. Тоа е животот“, изјави Кенан кој, сепак, не дозволува тоа да влијае на неговите игри.
Со сите овие проблеми кошаркарот се соочуваше додека беше илјадници километри далеку од својот дом во Мисисипи. Игра се подобро во дресот на Црвена Звезда и има голем придонес во добрите резултати во последно време.