Лошо му се пишува на Онана: Аморим бара уште еден квалитетен голман

Иако во јавноста постојано го брани, Рубен Аморим не е задоволен од изданијата на Андре Онана.

Информациите од Англија велат дека тој веќе бара уште еден голман како сериозна конкуренција за Камерунецот. Онана откако е дојде во Јунајтед се истакна со неколку катастрофални грешки, а врв беше голот примен од корнер на неодамнешниот натпревар против Вулверхемптон.

И вториот голман на Јунајтед, Алтај Бејндер не е многу сигурен бидејќи и тој прими гол од корнер против Тотнем, а Аморим ќе се обиде да ја засили голманската позиција. Во конкуренција се 22-годишниот чувар на мрежата на белгискиот Унион, Јоаким Имбректс, како и членот на Лидс, Илан Мелие, но прашање е дали тие имаат доволно искуство и квалитет евентуално да го заменат Онана.