Толку беше од помладувањето на Шпанците: Рибера повика двајца 40-годишници

По дебаклот на Европското првенство во Германија на кое не успеа да ја помине групната фаза, првпат во својата историја, шпанската репрезентација на олимписките квалификации ќе игра со своите најдобри ракометари.

Интересно е тоа што селекторот Жорди Рибера смета дека тоа се ветераните поради што привремено го стопира процесот на подмладување на националниот тим. Квалификациите ќе се одржат од 14 до 17 март, Шпанија е еден од организаторите на турнирите и во својата група ги има Словенија, Бахреин и Бразил со тоа што пласман на Олимписките игри во Париз обезбедуваат првопласираните две репрезентации.

На списокот на Рибера, меѓу другите, се најдоа 40-годишните Виран Морос и Антонио Гарсија како 39-годишниот Гвардиола. Во однос на Европското првенство, се враќа и 33-годишниот голман Родриго Коралес.

Иако е двоен европски и двоен светски шампион, Шпанија нема злато од Олимписките игри иако последните четири децении е речиси редовен учесник, со само едно отсуство и тоа во Рио де Жанеиро во 2016. Во Токио го освои бронзениот медал што е најголем успех, кој претходно го остваруваше и во Атланта, Сиднеј и Пекинг.