Нант и Лазаров поразени кај Ним во самиот финиш

Нант запиша пораз од 33-32 на гостувањето кај Ним во рамки на 14.коло во францускиот ракометен шампионат. 

Тимот на нашиот Кире Лазаров имаше добро прво полувреме по кое го имаше водството со 16-18. Сепак, во вториот 30 минути домашните се реазиграа па го диктираа резултатот. Гостите сепак дојдоа до израмнување во последната минута, но Ним во последните секунди успеа да погоди за конечни 33-32.

Лазаров постигна три гола, а најдобар во таборот на поразениот тим беше Валеро Ривера со седум голови. Со овој пораз Нант остана на третата позиција на табелата со 27 бодови, но ПСЖ и Моппелје сега имаат убедлива предност. „Светците“ имаат 40 бодови, додека Монпелје е втор со 36.