Германија не е Франција: Домаќинот на СП лесно го реши Бразил

Бразил вчера го намачи актуелниот светски првак Франција, но затоа денеска Германија немаше никакви проблеми против „кариоките“ и дојде до втората победа во рамки на групата А на Светското ракометно првенство. 

Еден од домаќините на турнирот славеше со 34-21 против Бразилците. Германија во текот на целиот меч имаше сигурна и убедлива предност. Во првиот дел стигна до највисоки +9, но на паузата замина со водство од 15-8. Немаше никаква промена на играта и во второто полувреме. Фаворитот доминираше и само ја зголемуваше својата предност за на крајот да изнесува огромни 13 разлика.

Уве Генцхајмер со 10 погодиц беше најефикасен во редовите на победничката репрезентација, додека Жозе Толедо со пет голови беше најдобар кај Бразил. 

За Германија ова беше втора убедлива победа во рамки на групата А, откако на отворањето на Мундијалот ја победи Кореја со 30-19.