Унгарија ја изненади Словенија и се врати во игра за полуфинале на ЕП

Унгарија успеа ја изненади Словенија во втората фаза од Европското првенство (ЕП), откако славеше со 29-28.

Унгарија имаше добар почеток на натпреварот во Малме, каде што водеше со 5-4, но потоа Словенците го свртеа резултатот во своја корист и на полувреме заминаа со 16-13.

Словенечките ракометари полека почнаа да го губат ритамот во вторите 30 минути, по што Унгарија со серија од 4-0 успеа да стигне до 21-18.

Словенците се обидуваа постојано да го најдат патот до мрежата на унгарскиот голман, но на секој нивни погодок и Унгарците одговараа на ист начин, па на крајот славеше Унгарија со 29-28.

Репрезентацијата на Унгарија до триумф ја предводеше Бахиди со девет постигнати погодоци, додека кај Словенија најдобар беше Доленец со осум гола.