Украина беше најубедлива против македонските ракоменти надежи

Македонската репрезентација за ракометари до 18 години го заврши турнирот во Васлуи, со три порази, последниот од селекцијата на Украина.

Украинците ги победија нашите кадети со 32-25, што претставува највисок пораз за нас на трите меча на овој пријателски турнир во Романија. Избраниците на Данило Брестовац се носеа со противникот, но имаа многу периодични падови во играта, што му овозможуваше на противникот константно водство. 

Украинците постојано се одлепуваа, прво на 7-3 во 10. минута, потоа на 11-7 во 20., но Македонија постојано стигаше. На пет минути до паузата имавме 10-14, но со серија од 4-1 резултатот застана на 15-14 за Украина.

Вториот дел почна со гол за израмнување, но веќе по него стигна најавата дека ова полувреме ќе биде и полошо од првото. Романците „заминаа“ на 19-15, а некаде околу 45. минута долго држеа плус пет.

Фактор за ваквиот развој беше добрата одбрана на противниците. Македонските ракометари често се обидуваа од тешки и неизградени позиции, но дури и ак осе случеше да имаат зицер, украинскиот голман фаќаше се што доаѓа кон него. Негативата дојде до максимални осум гола, за нешто поскромен пораз на крајот.

Македонија го заврши турнирот со порази од сите три учесници: Израел (27-29), Романија (26-27) и од Украина (25-32). Овој турнир беше дел од подготовките за ЕХФ-шампионатот што оваа генерација ќе го игра на лето. Претходно играа турнир и во Полска, на кој забележаа реми и два пораза во конкуренција на Белорусија, Чешка и Полска.