
Стоилов нема да патува во Данска за реваншот, в недела
Од таборот на репрезнтацијата кратко информираа дека Стоилов се жали на повреда, поради која нема да може да игра на реваншот. Тоа значи дека нема да патува и дека Лазаров ќе треба да најде нов играч за да ја пополни 16-ката која ќе игра в недела.
Во составот веќе ги имаме Жарко Пешевски, кој имаше одличен напаѓачки удел во победата, синоќа, како и Никола Маркоски, кој делуваше во одбраната. Како опција за Лазаров е Михаил Аларов, ако инсистира да остане со три пикери како опции, а ако не, шанса чекаат Крстевски, Серафимов...
Стоилов исто така беше клучен во вчерашната победа над Данска со четири гола од четири обиди.