
Со шест ракометарки од Ѓорче Петров и 14 од странство на мегдан против Шпанија!
Во националниот тим по подолго време нема да биде Моника Јанеска, која ќе паузира извесен период поради бременост, а се се враќа левиот бек Симона Маџовска, која поради повреда го пропушти баражот за СП против Украина, како и средбите со Азербејџан и Литванија. Големо изненадување е и што во тимот повторно ја нема Сара Стефановска од ЖРК Вардар, која и покрај што е еден од најдобрите леви бекови во лигата никако да добие шанса во националниот тим.
Првиот собирот на ракометарките е закажан за 25 февруари, а првата од двете средби со Шпанија ќе се одигра на 29 февруари во СЦ „Борис Трајковски“. Реваншот, пак, ќе биде на 3 март во Ланцароте на Канарските Острови. Македонија со двете досегашни победи над Литванија и Азербејџан речиси сигурно обезбеди пласман на ЕП, а сега со Шпанија ќе се бори за првото место во групата, кое носи подобар ранкинг на ждрепката.