Сите пари на Тунис и Катар во сите комбинации – со хендикеп и на голови!

Почнувајќи со средбите од втората рунда од прелиминарната фаза на ракометното СП во Хрватска, Данска и Норвешка, „Спорт1“ ќе се обиде да ви помогне повеќе да уживате во возбудувањата од шампионатот со предлог-типови на коментаторите на МТВ, кои во следниот период ќе ви ги пренесуваат возбудувањата од Вараждин каде што игра Македонија.

ЈУГОСЛАВ КОСТОВСКИ

АЛЖИР – ТУНИС H2 (+3,5)

Тунижаните имаат девет победи и само едно реми без пораз во африканското дерби во последните десет години. Иако според воведниот настап резултатите не им се на нивото на претходните мундијалски игри, типувам на нивни прв триумф за место во втората фаза.

КАТАР – КУВАЈТ H1 (-7,5)

Ракометарите на Катар се апсолутни фаворити во континенталното азиско дерби. Катарците знаат само за победи на последните осум официјални дуели против денешниот противник. И директниот двобој за место во наредниот сегмент би требало да биде во корист на објективно поквалитетната селекција.

ФРАНЦИЈА – АВСТРИЈА 1 и повеќе од 62,5 голови

Французите по убедливите триумфи над аутсајдерите Катар и Кувајт, ќе имаат малку посериозен ривал и очекувано е да биде и пристапот поинаков а нападот уште помоќен. Последниот меѓусебен меч на ЕП го добија триколорите со 33-28.

ДАМЈАН НИКОЛОВСКИ

АЛЖИР – ТУНИС H2 (+3,5)

Тунижаните по поразите од Данска и Италија во дуелот со Алжир ја гледаат својата реална шанса за прва победа на ова СП. Тие победија во последните четири пресметки со Алжир, а за денеска најави петта по ред. Останува само прашањето дали ова ќе биде неефикасен меч како последната нивна пријателска средба пред седум дена.

ШПАНИЈА – ЈАПОНИЈА - помалку од 30 голови во прво полувреме

Шпанија е велесила а во пресметката и против Јапонија влегува со желба за лесна победа со многу ротации. Не верувам дека Јапонија ќе постигне повеќе од 10 голови во првоТО полувреме па затоа поради квотата, мислам дека реално е Шпанија да биде убедлива , но во разумни граници со постигнати голови.

КАТАР - КУВАЈТ H1 во прво и H1 во второ

Катар по организацијата на мундијалот веќе десетина години сериозно инвестира во ракометот. Во последните осум дуели со Кувајт има осум победи и сите се со најмалку четири гола разлика. Катар беше блиску до реми со Австрија во 2 коло и покажа дека е тим за почит.

ТОНИ СТОЈАНОВСКИ

ФРАНЦИЈА - АВСТРИЈА H1 (-7,5) 
Иако во составот веќе не  е Никола Карабатиќ кој беше лидер на  "триколорите",  Французите се фаворити за највисок пласман и на овој собир. И тргнаа добро со две убедливи победи. Австријците имаат проблеми со повредите на Билик и на Божовиќ, па може да се очекува уште еден извесен натпревар. Досега Франција нема победа над Австријците со повеќе од седум гола, па можеби е време за првата. 
 
КАТАР - КУВАЈТ H2 (-8,5)
Катар е повозрасниот брат во оваа блискоисточна ракометна претстава, тоа е јасно и победата не ја доведувам под знак прашање. Кувајт не одигра добро на претходните два меча, но во меѓусебните дуели знае да се држи на пристојна дистанца, така што мислам дека оваа разлика во понудениот хендикеп е доволна. Искрено, посакувам Македонија во втората фаза да игра против Веселин Вујовиќ и да слави што ќе ни ги отвори вратите за добар пласман.
 
АЛЖИР - ТУНИС 2
Африканскиот дуел е со јасна слика. Тунис е подобра репрезентација, нам ни застана на патот на Олимпијадата во Рио, постојано игра на големите собири и е во страшна серија против Алжирците. Основниот коефициент за еден ваков натпревар е доволен за да не се комбинира со голови или со хендикеп.