Дербито во прекин: Сити Парк Бојс фрлија многу петарди и „бомби“, па ги - избркаа од сала!

Кошаркарското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички беше прекинато на 3.36 пред крајот на првото полувреме поради инцидентот кој го предизвикаа навивачите.

Навивачката група на Работнички, „Сити Парк Бојс“ фрли голем број петарди и „бомби“, по што беа избркани од трибините.

Судиите најпрво го прекинаа дуелот, а потоа ги испратија кошаркарите во соблекувалните пред да бидат отстранети навивачите од салата.