ИХФ ја затвори „пола сала“ во Вараждин, Македонија може да остане без навивачи!

Светската ракометна федерација (ИХФ) реши да изрече санкции по инцидентите кои се случија на натпреварот меѓу Холандија и Македонија во второто коло на Светското првенство (СП).

Поради инцидентите кои се случија во Вараждин по судиските одлуки од данските арбитри на мечот, ИХФ реши да ја затвори „пола сала“ пред следниот натпревар на Македонија.

ИХФ соопшти дека ќе бидат затворени трибините над клупите на стручните штабови на двете репрезентации за следните натпревари, а исто така побара да се зголеми обезбедувањето на дуелите.

Доколку се случи идентичен инцидент во следните дуели, тогаш Македонија би можела да остане и без публика на трибините.

Целото соопштение на ИХФ може да се прочита ТУКА.