Лазаров претпазлив: Исцрпени сме - нема да ни биде лесно со Гвинеја!

Македонската ракометна репрезентација го игра последниот меч од првата фаза на Светското првенство (СП) против Гвинеја, а селекторот Кире Лазаров е претпазлив пред утрешниот натпревар.

Лазаров кажа дека мечот против Гвинеја е од круцијално значење, но очекува тежок натпревар затоа што Македонија веќе одигра два исцрпувачки дуели на турнирот.

„Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во  втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар“, кажа Лазаров.

Македонија по две одиграни кола има еден освоен бод, а ќе се соочи против Гвинеја в недела од 18 часот.