Тренерот на Леганес го исмеа Симеоне: Оди и плачи! (ВИДЕО)

Судир на тренеритее го одбележа денешното мадридско дерби меѓу Леганес и Атлетико, одигран на стадиионот Бутарке.

Незадоволен од главниот судија, тренерот на Леганес, Борха Хименес се сврте кон Диего Симеоне и со гестикулација и извици го исмеа аргентинскиот стручњак.

„Оди сега и плачи! Оди во салата за прес-конференции и пак плачи“, му рече младиот тренер на Симеоне.

Леганес на крајот славеше со 1-0 и му ја прекина на Атлетико серијата од 15 победи во сите натпреварувања.