„Гвинеја е посебна селекција, мора да одигра најдобро што знаеме!“

Македонските ракометари по еден ден пауза се враќаат во акција и ќе играат против Гвинеја во третото коло од Светското првенство (СП), а Иван Џонов вели дека мора да бидат внимателни.

Џонов смета дека треба да одиграат борбено како на претходните два дуели, против Унгарија и Холандија, со цел да стигнат до посакуваната победа.

„Треба да бидеме максимално подготвени за мечот со Гвинеја, треба да направиме анализа бидејќи се посебен вид на репрезентација. Досега немаме играно против таква селекција, играат поинаков ракомет и затоа треба да направиме добра анализа. Треба да одиграме борбено како во претходните два меча со цел да извојуваме лесна победа. Гвинеја може да биде непредвидлива на теренот и затоа треба да бидеме претпазливи. Чувството да се игра за Македонија е феноменално, навивачите ни даваат голема ветар во грб, се чувствуваме како да играме дома“, кажа Џонов.

Македонија со победа или реми против Гвинеја би обезбедила пласман во втората фаза на СП.