Чаир загуби од Славија Прага и е пред елиминација од Европскиот куп
Чаир успеа да ѝ се спротистави на чешката екипа само на стартот (5-6), по што Славија Прага влезе во одличен ритам и на паузата замина со 15-8.
Славија Прага доминираше и во второто полувреме, па дополнително ја зголеми предноста и триумфира со 31-20, па сега е на чекор до пласман во следното коло.
Најефикасни во македонскиот состав беа Теодора Гуличоска и Теодора Дукоска со по пет голови, додека Адријана Мишова постигна осум погодоци за Славија Прага.
Реваншот меѓу двете екипи се игра утре од 18 часот.