Сара Стефаноска добива нов предизвик - ќе игра во Унгарија!

Македонската ракометарка Сара Стефановска добива нов предизвик во кариерата, односно во иднина ќе го носи дресот на Естерхази кој ќе игра во најсилната унгарска лига во новата сезона.

Стефаноска имаше добри настапи во романски Залау, по што го привлече интересот од унгарскиот тим кој реши да потпише договор со македонската репрезентативка.

„Со задоволство објавуваме дека Сара Стефаноска, репрезентативка на Македонија, ќе биде нова ракометарка на Естерхази СЦ во сезоната 2026/2027“, објавија од клубот.

Стефаноска претходно во кариерата настапуваше и за Вардар и српска Јагодина.

Фото: Eszterházy SC Női Kézilabda