„Бомба“ од Манчестер: Јунајтед го купи капитенот на Белгија за 41 милиони евра!

Англискиот гигант Манчестер јунајтед направи неочекуван потег и ја активира откупната клаузула на капитенот на белгија и досегашен фудбалер на Астон Вила, Јури Тилеманс.

„Црвените ѓаволи“ ги договориле личните услови со Тилеманс, по што решиле да ја активираат клаузулата во неговиот договор со тимот од Бирмингем.

Ова е второ засилување за премиерлигашот овие денови, откако претходно го купија Андреј Сантос од Челси.

Тилеманс претходно го носеше дресот на Лестер, а играше и за Монако и Андерлехт во кариерата.

Фото: Belgian Red Devils/Facebook