Шок за „рибарите“: Висла Плоцк му го украде најдобриот дефанзивец на ГРК Охрид!
Од охридскиот клуб соопштија дека не биле подготвени да се разделат со својот клучен дефанзивец пред истекот на договорот, но по барање на самиот играч била активирана излезната клаузула, по што Висла Плоцк го откупила неговиот договор.
Заминувањето на Моралес претставува сериозен удар за амбициите на Охрид, со оглед на тоа што Шпанецот беше еден од најстандардните и најважните ракометари во дефанзивната линија на тимот.
„Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор“, соопштија од ГРК Охрид.
Од клубот му се заблагодарија на Моралес за професионалниот однос и придонесот во сино-белиот дрес, посакувајќи му многу успех во понатамошната кариера.