Познат конечниот пласман на селекциите на СП - Хрватска на дното од првата половина!
Најдобро рангирани меѓу елиминираните се селекциите што запреа во четвртфиналето. Норвешка го освои петтото место, пред Белгија, Мароко и Швајцарија. Од деветтата до 16-тата позиција се пласираа Мексико, Колумбија, Бразил, САД, Португалија, Канада, Египет и Парагвај. Пласманот од 17-тото до 32-то место го сочинуваат Холандија, Германија, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Јапонија, Австралија, ДР Конго, Гана, Еквадор, Јужна Африка, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Алжир, Сенегал и Зелено'ртските Острови.
Тоа значи дека Хрватска, која беше елиминирана во осминафиналето, Мундијалот го заврши на 20-тото место, додека Босна и Херцеговина е 29-та во конечниот поредок. Конечниот редослед од 33-тото до 48-мото место, односно репрезентациите што испаднаа по групната фаза, е следен: Иран, Јужна Кореја, Турција, Шкотска, Уругвај, Саудиска Арабија, Чешка, Нов Зеланд, Катар, Курасао, Панама, Јордан, Хаити, Узбекистан, Тунис и Ирак.
Во првото полуфинале ќе се сретнат Франција и Шпанија, додека вториот финалист ќе биде познат по дуелот меѓу Аргентина и Англија.