Нови детали од скандалот: Познато кој му го поништил црвениот картон на Балогун
Суспензијата на Балогун од еден натпревар беше укината, а тоа предизвика бурни реакции од фудбалската јавност, но сега пристигнуваат нови детали за скандалот.
Откриено е дека црвениот картон на Балогун бил поништен на неверојатен начин, зашто во процесот учествувал само еден од 18 членови на Дисциплинската комисија на ФИФА.
Претседателот на Дисциплинската комисија на ФИФА, Мохамад Ал Камали од Обединетите Арапски Емирати решил сам да ја поништи суспензијата без да се консултира со останатите 17 членови.
Оваа скандалозна одлука, сепак, не им помогна на Американците кои беа декалсирани од Белгија со 1-4.
Фото: U.S. Soccer