ФБИ уапси еден од најталентираните кошаркари во Европа (ФОТО)

Кер Криса важеше за еден од најталентираните европски кошаркари и многумина му предвидуваа блескава кариера, меѓутоа денес се соочува со голем проблем и му се заканува затворска казна од 60 години поради измама.

ФБИ се вклучил во истрагата и неговите агенти го уапсиле кошаркарот поради измама тешка 2,2 милиони долари.

Криса е роден во Естонија каде што ја почна кариерата, додека во Евролигата дебитира на 25 октомври за Жалгирис. Сепак, повеќе време помина во резервниот тим, па затоа замина во Приенаи од Литванија, но и таму не се задржа долго пред да продолжи на колеџ.

Во САД играше за Аризона, Западна Вирџинија, Кентаки и Синсинати сè додека не бил уапсен од ФБИ. Според информациите, тој користел лажни идентитети за да добие финансиска корист. Наводно лажел дека е болна неговата мајка и дека ѝ е потребно итно лекување.