Официјално: Билиќ по 14 години се врати на кормилото на Хрватска

Хрватскиот фудбалски сојуз соопшти дека Славен Билиќ е нов селектор на фудбалерите, откако претходно Златко Далиќ ја напушти клупата.

Далиќ на селекторската позиција на Хрватска беше девет години и оствари добри резултати во минатото, но сега реши да се повлече, а на негово место по 14 години се враќа Билиќ.

Искусниот стратег потпиша двегодишен договор и главна задача ќе му биде да избори пласман на Европското првенство.

Билиќ во првиот мандат на клупата на Хрватска беше во период од 2006 до 2012 година.