Лапорта: Сè уште важи понудата за Алварез, но нема да чекаме вечно!
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кажа дека сè уште важи понудата за Алварез, меѓутоа нема да го чекаат вечно.
„Нашата понуда сè уште е на маса, сè уште важи, но нема да чекаме вечно. Последен пат кога зборував со Атлетико, сè беше во најдобар ред, постои голема почит меѓу нас. Не сакаме да вршиме притисок, засега нема напредок во преговорите“, кажа Лапорта.
Алварез го носи дресот на Атлетико од 2024 година, откако претходно играше за Манчестер сити, а го носеше и дресот на Ривер плејт.