
Ракометна страст без граници - Јагуриновски и Алтхаус не ја кријат љубовта! (ФОТО)
Ракометарот на Вардар, Томислав Јагуриновски и некогашната ракометарка на ЖРК Вардар, Ања Алтхаус, не се срамеа да разменат нежности и да ја покажат својата љубов во јавноста. Некогашниот пивот на ЖРК Вардар, ја заврши кариерата уште во 2018 година и тоа во редовите на Ѓер, но оттогаш повторно се врати во Скопје и сега е асистент на тренерот на РК Скопје, Горан Кузманоски.
Иако нивната врска е несекојдневна, во поглед на разликата на годините, сепак, повеќе од очигледно е дека уживаат во своето друштво.