Бабунски: Вардар е најголем клуб во Македонија, создаваме нешто вредно!

Eкипата на Вардар е лидер во првенството и според резултатите како единствен непоразен тим се наметнаа како главни кандидати за титулата.

Сега за клупскиот сајт збоуваше фудбалерот од средниот ред, Давид Бабунски кој пред почетокот на сезоната се приклучи на црвено-црните“.

„Среќен сум што сум дел од Вардар, ова е клуб кој има посебно значење за моето семејство, татко ми го носеше истиот дрес во минатото. Вардар е најголемиот клуб во Македонија и ме радува што чекори онаму каде шо заслужува да биде. Работите одат во добра насока и среќен сум што можам да помогнам во тој процес, се трудам максимум за да дадам нешто вредно во тоа што се создава“, изјави Бабунски.

На табелата Вардар има 39 бода, бод повеќе од Струга и шест од Шкендија која е трета.