Растур систем во Градски парк: Работнички остана без уште еден Американец

Екипата на Работнички денеска ја напушти и Брет Томпсон, еден ден откако оттаму си замина центарот Џејкоб Хатсон.

Томпсон е трет од четворицата Американци што пред почетокот на сезоната го засилија 15-кратниот шампион, а не го дочекаа ни крајот на годината. Томпсон беше еден од најдобрите играчи во екипата и трет стрелец, зад Ефремовски и Хатсон, со просек од 16,8 поени по натпревар.

Својата кариера, тој ќе ја продолжи кариерата во црногорскиот прволигаш Јединство Бијело Поље кој во моментов е лидер на табелата во тамошното првенство.

Работнички сезонава има биланс 4/4 и се наоѓа на шестата позиција на табелата. Во комплетен состав одигра само четири натпревари, оние на кои триумфираше.