„Марка“ удри по засилувањето на Реал: Неспособен е и безвреден!

Aлександар Арнолд не поминува низ најдобар период од доаѓањето во Реал Мадрид, долго време не играше поради повреда, а сега добива критики за неговата формаа.

Посебно остра беше „Марка“ која важи за медиум близок до „кралевите“. Еден од нејзините најпознати новинари, Алфредо Релано не штедеше критки за англискиот фудбалер.

„Сега кога е Трент тука, изгледа како неспособен и безвреден играч. Во отворена игра како да не постои. Во текот на натпреварот со Жирона подари гол на противникот со едно лошо додавање, а исто така и неговите центаршути беа непрецизни“, стои во текстот на „Марка“.

Критиките посебно се засилија откако Реал на последните три лигашки натпревари не запиша победа и ремизирраше на сите три.

Фото: EPA