Спалети не може глава да крене, остана без уште еден фудбалер
Гати се повреди во вчерашниот натпревар против Удинезе од Копа Италија кој Јувентус го доби со 2-0.
Деенеска врз него беа направени прегледи кои покажа дека има проблеми со менискусот и ќе паузира најмалку еден месец, со што го остави Јувентус во незгодна ситуација.
Покрај Гати, Спалети во одбраната за дуелот со Наполи не може да смета уште на и на Бремер и Ругани. Во овој момент од фудбалерите кои играат централно во одбраната кај Јувентус се здрави само Кели и Калулу, тука е и Копмајнерс кој веројатно принудно повторно ќе мора да биде повлечен.
Натпреварот помеѓу Наполи и Јувентус е закажан за в недела во терминот од 20:45 часот.