Аморим до новинарите: Не читам и не слушам што зборувате!
На таа тема Аморим зборуваше пред натпреварот против Вест хем во првенството.
„Денеска тоа е нормално, кога сте изложени јавно како ние, тогаш е потешко, но не читам. Така се заштитувам од тоа. Не гледам ТВ кога зборуваат за Манчестер јунајтед, не затоа што не се согласувам со се што зборувате. Се сложувам со многу работи што ги кажувате, меѓутоа единствениот начн да останам здрав е тој.
Кога ќе изгубиме или ремизираме, знам дека сме играле лошо, тоа го чувствувам. Не ми е потребно, да знам другите што чувствуват. Како што кажав, тоа за мене е единствениот начин“, изјави Аморим,
Аморим нема официјален профил на „X“, додека неговиот профил на Инстаграм не е ажуриран уште од 2020 година.