Ракометарките го уништија Тунис на стартот на „Трофеј Македонија“ (ФОТО)
По израмнетиот почеток, Македонија во 21. минута поведе со 11-7 и не му дозволи на Тунис да ја врати неизвесноста до крајот на првото полувреме (15-12).
Македонските ракометарки во второто полувреме постојано го зголемуваа водството, па така истото достигна 24-19 во 45. минута, а до крајот со сигурна игра запишаа висок триумф од 34-27.
Најефикасна во победничкиот тим беше Емилијана Ризоска со шест голови, додека Катерина Дамјановска запиша четири погодоци.
Македонија следниот меч го игра утре против Египет од 20.30 часот, а потоа следи пресметка против Грција на 20 септември од 16.30 часот.
Грција во првиот меч на турнирот „Трофеј Македонија“ славеше против Египет со 25-22.