Mирко Вучиниќ стана селектор!

Еден од најпознатите фудбалери во историјата на Црна Гора, Мирко Вучиниќ денеска и официјално беше назначен за наследник на Роберт Просинечки кој доби отказ од селекторската позиција.

Вучиниќ со Фудбалскиот сојуз потпиша договор до крајот на тековната година и ќе ја предводи Црна Гора во натпреварите со: Фарски Острови, Гибралтар и Хрватска во квалификациите, како и пријателската сребда со Лихтенштајн.

„Вучниќ е дел од репрезентацијата на Црна Гора од нејзиното основање, беше прв капитен и стрелец на првиот гол, подоцна по успешната играчка кариера ја започна и тренерската во стручниот штаб на националиот тим“, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

Со именувањето Вучиниќ стана осмиот селектор во историјата на репрезентацијата.