Љубовта е посилна од милионите: Енрике сонува за враќање во Барселона

Шпанскиот тренер Луис Енрике со многу успех го предводи францускиот и европски шампион ПСЖ, меѓутоа сонува еден ден да се врати во Каталонија и повторно да ја тренира Барселона.

Каталонските медиуми пишуваат дека по следните избори во Барселона ќе биде направен првиот чекор кон враќање на Енрике во гигантот од „Камп Ноу“.

Енрике има договор со ПСЖ до 2027 година и добива голема плата и бонуси, па не се очекува да се врати во каталонскиот гигант пред да му заврши соработката.

Шпанецот во кариерата ги тренираше Барселона, Рома, Селта, како и репрезентацијата на Шпанија.