Стоилов откри која СЕХА титула му е најдрага (ВИДЕО)

Ракометарот на Вардар и македонската репрезентација, Столе Стоилов вчера одговараше на прашањата за каналот на СЕХА-лигата.

Стоилов одговори на неколку прашања, па откри неколку тајни, а исто така кажа дека најдрага титула во СЕХА-лигата му била првата, кога биле аутсајдери.

„Чест и задоволство да си во топ-4 од екипите во регионот. Најдрага титула во СЕХА-лигата ми е првата. Поточно првиот Ф4, каде што бевме тотални аутсајдери и ги победивме Металург и Загреб. Ние имаме тимски дух, постојано сме заедно и мислам дека тоа е нашата најголема сила“, вели Стоилов.