Чупиќ му „списка“ на Алушовски: Ти сега ги молиш да играат? (ВИДЕО)

Во таборот на Вардар играта не оди подмачкано па затоа има и тензии меѓу играчите и тренерот. Тоа се виде на еден тајм-аут во првото полувреме помеѓу Иван Чупиќ и тренерот Стевче Алушовски. 

Хрватот беше исфрустриран што одредени играчи не го даваат максимумот и очигледно „спијат“ на терен и со висок тон му се обрати на тренерот.