Фиорентина испука „петарда“ против Сасуоло

Фудбалерите на Фиорентина беа подобри од Сасуоло со убедливи 5-1 во 34. коло од италијанската Серија А.

Во првите 45 минути беше постигнат само еден гол од страна на Сотил, додека останатите погодоци паднаа во второто полувреме од средбата во Фиренца.

Мартинез Кварта погоди за 2-0 во 54. минута, но набрзо Торствет намали на 1-2, меѓутоа тоа ја налути Фиорентина која постигна уште три гола во следните осум минути преку Гонзалес и Барак.

Фиорентина се наоѓа на осмото место со 50 бодови, односно пет бода помалку од Лацио.