Лион го совлада Монако и го круниса ПСЖ за шампион!

Монако вечерва загуби на гостувањето кај Лион со 2-3 и со тоа ги загуби и теоретските шанси да го стигне ПСЖ во трката за шампионската титула во Лига 1.

Бен Једер уште во првата минута го матира Лион и донесе предност за „кнезовите“, но радоста не траеше долго бидејќи Лаказат и Бенрама до крајот на првото полувреме стрелаа за пресврт (2-1).

Монако повторно се врати во игра за победа преку Бен Једер во 60. минута, но Фофана во 84. минута ги урна надежите на гостите и погоди за триумф на Лион.

Лион е на седмата позиција со 44 бодови, додека Монако остана на втората позиција со 58 бода, односно 12 помалку од ПСЖ на три кола до крајот на сезоната.